Вести Македонија

Продолжуваат граѓанските протести пред кочанската фабрика „Пејпер Мил“

Кочанските еко активисти продолжуваат со протестите пред фабриката Пејпер Мил, а на 5 март ќе организираат голем протест. Иницијативната група донесе неколку заклучоци за решавање со проблемот со загадувањето, бараат Пејпер Мил да работи само на метан, а кочанскиот Совет да изгласа иницијатива за дебата.

„Да се организира дежурна интервентна група, со цел да ја сензибилизира јавноста и надлежните (со документирање преку слики и видеа и споделување на социјалните мрежи) во моментите кога „Пејпар Мил“ најмногу чади, на пример  за празници и викенди, а особено во ноќните часови“, пишува во заклучоците на Иницијативната група.

Граѓаните почнаа да протестираат секое попладне од минатата недела, се пожалија дека оџакот чади, а воздухот мириса и не можат да излезат од своите домови, ниту да ги отворат прозорците.

Раководството на  „Пејпар Мил“ преку соопштение реагираа дека неправедно се етикетираат како најголеми загадувачи. Посочуваат  дека мерењата се во рамки на дозволеното. Поради високата цена не користат метан туку пелети од сончоглед, а подготвени се да инвестираат во независна научна студија која ќе ги лоцира и точно ќе ги мапира сите извори на загадување во Кочани.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе