Заврши вториот ден на Михенската безбедносна конференција. Во фокус прашањето на можна војна помеѓу Русија и Украина. Западните лидери се загрижени.
Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон по средбата со украинскиот премиер Зеленски оцени дека можната инвазија на Русија ќе биде „луда катастрофа“.
А според потпретседателката на САД, Камала Харис, Русија треба да продолжи со дијалогот бидејќи најавените санкции ќе предизвикаат голема економска штета за сите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.