Два часа викотници, расправии и докажување, дали се прекршува деловникот и дали е усвоен дневниот ред или не?Тензиите на седницата на Комисијата за образование, продолжија и денеска. Иако почна во мај минатата година, на оваа седница никако да се стигне до суштинска расправа за Законот за наставници и стручни соработници,кој е на дневен ред.Од опозицијата обвинуваат дека намерата на власта не е да се покачат платите на наставниците, туку да се вработат партиски кадри без досегашните критериуми.За нив е особено спорен делот во кој се овозможува вработување на неопределено време без приправнички стаж.
Владејачкото мнозинство, пак, обвинува дека, со блокадите, опозицијата е против зголемувањето на платите на наставниците и стручните соработници.
Од ДУИ понудија компромис, да се формираат работни групи и да се почне со работа.
Пред неколку дена, опозицијата поднесе речиси идентичен закон за наставници, но во него го нема делот за вработување без приправнички стаж.
Далиборка Дамјанска