Вести Македонија

Ковачевски – Лајчaк: За ЕУ – Северна Македонија е доверлив партнер

Премиерот Ковачевски на маргините на Минхенската безбедносна конференција, се сретна со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Ковачевски го запознал Лајчак со заедничките активности со премиерот на Бугарија, Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство.

Од Владата информираат дека Лајчак упатил силна поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ и ја оцени нашата земја како доверлив партнер на Унијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Дејан Дејан

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе