Вести Свет

Хрватскиот министер Хорват отфрла вина, УСКОК бара притвор

Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал на Хрватска побара на уапсениот министер Дарко Хорват да му биде изречена мерка притвор.

Хорват кој утрово после претресот во неговиот дом беше уапсен, се товари за злоупотреба на службената должност и овластувања.

Адвокатот на хрватскиот министер рече дека Хорват не се смета себеси за виновен и не смета дека со неговото извршување е сторено кривично дело, ниту пак од некого прибавил противправна имотна корист, и додаде дека сите докази доаѓаат од друг случај во кој второобвинета е и Ана Мандач.

„Министерот не ја работи таа работа, туку тоа го работат стручните служби на министерството, ниту знае колку бодови има ниту е свесен за тоа, што му дала стручната служба, односно второобвинетиот да потпише, тој го потпишал , верувајќи дека е правилно.“ – изјави Владимир Терешак, адвокат.

Премиерот на Хрватска рече дека ДОРХ треба да ја информира јавноста што е толку итно при неговото апсење.

Полицијата по наредба на УСКОК освен Хорват го истражува и вицепремиерот Борис Милошевиќ. Заедно со Хорват и Милошевиќ, се и актуелните државни функционери и државниот секретар на Министерството за регионален развој, Велимир Зунац, и директорката на управата за помошни области, Катица Мишковиќ. Меѓу осомничените се и поранешниот министер Томислав Толушиќ и помошничката на Хорват Ана Мандач.

Мартин Николовски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе