Вести Култура Македонија

Демант од министерството за култура за прилогот на ТВ Телма

Издавачкиот центар „Три“ на ГК за литература и издавачка дејност поднеле вкупно 9 (девет) пријави, од кои за поддршка се прифатени 7 (седум). Два преводи и пет авторски изданија. Значи, не е точно дека аплицирале со 10, дека шест им се одбиени, а четири прифатени! Зачудува што самиот издавач не знае со колку пријави аплицирал.

Од двете одбиени пријави, едната е книга за самопомош, а за овој вид литература јасно е кажано во самиот Конкурс (стр. 2) дека Министерството нема да го финансира. Втората е превод од македонски на албански јазик (овие преводи особено беа добродојдени на Конкурсот, приоритети 3 и 7), но за авторот на преводот не беа доставени референци за искуство во книжевни преводи, што исто така требаше да се приложи во документацијата! Покрај тоа, Комисијата сметаше дека во интерес на издавачот е да добие квалитетен превод, а не само средства за превод, каков и да е!

Со решенијата, ќе ги добијат и образложенијата за причините за одбивање, но можеби реалните причини не ги интересираат, туку треба да се направи врева на незадоволство, а и притисок пред одлучување по жалбите.

Преводот на проф. Драги Михајловски беше пријавен од издавачката куќа „Паблишер“, а не од „Три“! Се чини дека некој ги измешал работите: „Три“ реагира и за „Паблишер“, или мисли дека споменатиот превод е нивни проект!

Што се однесува до преводот на проф. Михајловски,

а) Комисијата нема дилеми дека е тој врвен и етаблиран преведувач од англиски јазик. Но, оригиналниот јазик на делото на Руми е персиски! Во Конкурсот, на истата стр. 2, јасно стои дека „Министерството за култура нема да финансира преводи што не се прават директно од јазикот на оригиналот, туку посредно…“ Што не е јасно овде?

б) Комисијата констатирала дека претходно објавените изданија на преводи од Руми се продаваат во завиден број, што ова издание го прави комерцијално исплатливо и издавачот може да го финансира со сопствени средства.

  • Приоритет бр. 10 на Конкурсот е поддршка на мали и независни издавачки куќи, а „Три“ самите велат дека се „голем издавач, присутен на пазарот, со многу книжарници“, што сугерира дека не им е толку неопходна поддршката на МК за да опстојат.
  • Впрочем, Издавачкиот центар „Три“ вкупно за седум проекти добил поддршка од 989,318 ден., а „Паблишер“ во чие име реагираат, добил 683.545 ден. за пет прифатени проекти (од пријавени 9). Овие податоци се лесно проверливи на веб страната на МК.

Реакцијата од Мрежата на ромски организации е избрзана, пред да ги добијат решенијата и образложенијата, зашто најголем дел од нивните пријави беа прифатени од Комисијата за издавачка дејност и предложени за поддршка во многу поголем процент од минатата година и со значително поголеми средства (шест публикации и една манифестација, или 1,4 % од сите прифатени проекти), но сите нивни пријави дополнително беа отфрлени бидејќи аплицирале во повеќе од дозволените две дејности. Ова не е одлука на Комисијата, туку според пропозициите на МК!

Во продолжение погледнете го и нашиот прилог на кој реагираат од министерството.

Одбиени издавачи на конкурсот на Министерството за култура бараат промена на критериумите за финансирање

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе