Култура

Ангела Стојановска со перформансот „ Срам“ во МКЦ

Во киното Фросина при Младинскиот културен центар, во сабота во 20 часот ќе се одржи авторскиот перформанс „СРАМ“ на актерката Ангела Стојановска.

Перформансот е развиван како дел од платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско – Испробување феминистрички иднини“.

  • Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе“, вели актерката Стојановска за оваа изведба.

Креативни соработници на проектот се : Милош Б. Андоновски- режисер, Ева Камчевска- драматург, Викторија Илиоска- изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска- режисерка.

Извршна продуцентка е Емилија Чочкова, костимограф е Раде Василев, сценограф е Мартин Манев, промотивниот материјал е на Матеја Николиќ, а фотографијaта за промо материјалот е на  AniDimi. Бојан Ковски беше задолжен за сликите на телото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе