Вести Магазин

Мистериозниот црн дијамант Енигма оди на аукција – некои сметаат дека тој е од вселената

Дијамантот Црна Енигма, тежок неверојатни 555,55 карати, се продава на повеќедневна аукција во Сотби која започна вчера во Лондон.

Сотби објави дека тоа е најголемиот фацетиран црн дијамант што некогаш се појавил на аукција и дека е најголемиот исечен дијамант во светот според Гинисовата книга на рекорди од 2006 година. Познат и како карбонадо дијамант, можно е црниот дијамант да потекнува од вселената.

Таква дијамантска структура е пронајдена само во Бразил и Централноафриканската Република, а научниците долго време теоретизираат за нивното потекло. „

Тие се обвиткани со мистерија за нивното потекло или формирање бидејќи нема многу на Земјата“, изјави за Ројтерс геологот Арон Селестијан, куратор за минерални науки во Природонаучниот музеј во Лос Анџелес.

Селестијан рече дека повеќето карбонати се стари 2,6 до 3,2 милијарди години. Со оглед на тоа што самата Земја датира од пред 4,65 милијарди години, карбонадото е формирано кога земјините плочи сè уште се движеле и кога се одвивала оксигенација на атмосферата, рече тој.

„Мислиме дека тие можеби се формирале многу длабоко во Земјата, многу подлабоко отколку што веќе знаеме за дијамантите. Постојат хипотези кои сугерираат дека тие потекнуваат од точките на удар каде што голем астероид удрил во Земјата“, рече Селестиан.

„Постојат и меѓуѕвездени хипотези кои сугерираат дека потекнуваат од вселената, а потоа паднале на површината на Земјата“, додаде тој.

Се очекува да се продаде за помеѓу 4 и 7 милиони долари.

Сегашниот сопственик го поседува веќе две децении, но пред тоа малку се знае за неговата историја.

Селестијан верува дека истражувањето на дијамантите може да ни каже многу за минералогијата на длабоката Земја или за еволуцијата на нашиот Сончев систем.

Аукцијата завршува на 9-ти февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе