Вести Македонија Наука и здравје

ФОТО: Нова метода за операција на тумор на мозок применета на скопска Неврохирургија

Доскорешниот министер за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил објави дека на Клиниката за неврохирургија е изведена операција со примена на нова техника за операција на тумор на мозок.

Методата со техника што врши визуелизација односно флуоросцентно обојување на туморите е употребена за првпат во клиниката.

-Оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите, истакна Филипче.

Заедно со Филипче операцијата ја изведувал и идниот заменик-министер за здравство Владимир Рендевски.

Лекарскиот тим се заблагодари на целиот медицински персонал кој учествувал и асистирал во оперативниот зафат, а на пациентот му посакаа побрзо опоравување.

Филипче по смената од министерската функција се врати во матичната Клиника за неврохирургија, но истата клиника повторно ќе биде застапена во клиниката откако СДСМ го предложи Владимир Рендевски за нов заменик-министер за здравство, каде веќе функцијата министер за извршува Беким Сали (доктор по стоматологија, предложен од Алтернатива).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе