Вести Македонија

СБ: Направени се сите неопходни подготовки за можните сценарија во Украина, безбедносната состојба во Македонија- стабилна

-Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија, информираше по денешната 14-та Седница на советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски.

Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека Северна Македонија како земја членка на НАТО ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона.

– Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика, изјави Пендаровски.

Во тој дел од светот, нагласи Пендаровски, има мали симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но се уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму.

Во однос на состојбите на регионот, Советот заклучи дека со засилената дипломатска активност на меѓународната заедница во последниот период, тензиите се делумно намалени, со што се отвора простор за повторно воспоставување на дијалогот како единствен начин за надминување на проблемите.

На седницата на Советот, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, освен редовните членови на претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министер за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, професороржт на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски, на покана на шефот на државата присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на ГШ на АРМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Братот на градоначалникот Стефковски „отрчал“ во станица за да плати казна за пребрзо возење на Велигден, Тошковски најави кривични за началник кој наредил полицаец да пише казна на друг човек

Дејан Дејан

Затемнување во Шпанија и Португалија- прогласена вонредна состојба откако двете држави останаа без струја

Дејан Дејан

Османи: Оваа влада нема интерес да го продолжи процесот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе