Секој трет тестиран во државата бил позитивен на корона вирусот, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.Минатата недела се пријавени 11 916 нови случаи, од кои 1 558 реинфекции, како и 148 смртни случаи во 26 града, што е за 38,3 отсто повеќе во споредба со претходните седум дена.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи над 60 години (22,1%) и од 30 до 39 години (22,1%). Најмал број има кај децата до девет години. Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, а најмногу кај лицата од 10 до години (11,0%). Раст има кај возрасните групи од 50-59 со 3,3% и над 60 години со 25,3%, стои во извештајот на Институот за јавно здравје.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје , а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, каде што вчера доцна попладнето заседаваше и општинскиот кризен штаб. Над 1.100 жители на Тиквешијата се заразени со разлилни соеви на коронавирусот, а бројките на новозараезени алрмантно се зголемуваат. Апелот е навреме да се јават кај матичните лекари,а полицијата и пожарникарите да продолжат со обиколките во кригот на болницата.
Во штипскиот регион бројот на активни случаи не е висок, но последните три до четири дена според анализите на Центарот за јавно здравје секој втор од тестираните е позитивен. Најголем дел од заразените се на возраст од над 60 години, загрижувачки е што 89,2 % од починатите минатата недела во земјава се токму од оваа популација. Во болниците за 22 % е зголемен бројот на хоспитализации и во моментов се на лекување 671 лице, а над половината се на кисолородна поддршка. Во земјава се уште над 50 % од популацијата не е целосно имунизирана, опфатот со две дози е 40,7 %.
Викторија Јованова