Ковид19 Македонија Најважни

Учениците се вратија во клупите, a за неколку дена ќе бидат тестирани со брзи тестови

Ѕвончето заѕвони, ранците на грб – се врати метежот во училишните ходници затоа што започна второто полугодие. Образовните власти тврдат дека има услови за настава со физичко присуство иако не се знае бројот на заразени деца и наставници.

Какви услови има и што сè е подготвено ако од Министерството ги немаат клучните статистики на располагање – нема одговор.

Министерот за образование и наука им посака на учениците добро здравје ама наместо во второто полугодие – во новата учебна година.

„На сите деца во основно и во средно образование им честитам и им посакувам добро здравје и почеток на новата учебна година“ изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

Надлежностите за протоколите, мерките, статистиките и сè поврзано со Ковид-19, Шаќири ги префрли на Комисијата за заразни болести.

Оттаму очекува и да добие информации за бројот на заразени ученици и професори во изолација, но и детали за скринингот на учениците којшто го најавија неговите колеги од Владата, од ресорот Здравство.

„Комисијата за заразни болести денес одлучува и тие се во редовна комуникација со Министерството за здравство околу одлуката за скрининг и препораките“ изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука.

А, новиот состав на Комисијата за заразни болести веќе се зафати со работа. Датум за спроведување на скрининг односно Корона-тестирање на учениците сè уште не е утврден, но други детали веќе се познати.

Ќе се проверува како се шири вирусот меѓу најмладите.

„Овој скрининг размислуваме да биде со брзи тестови коишто не се премногу на број, но десетина до дваесет илјади тестови се на располагање. Ќе се тестираат случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи. Брзите тестови имаат помала специфичност за детектирање на варијантата Омикрон отколку на Делта, но и таа специфичност се движи некаде над 50% така што, ќе бидат некако употребливи“ изјави д-р. Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

Во моментов протоколите велат дека во случај на позитивни ученици – се изолираат оние кои се во непосредна блзина на детето кое добило позитивен резултат на тест.

Скрининг во училиштата се правеше и претходно и случајно беа тестирани осум илјади ученици, но сликата којашто се доби не е многу податлива за епидемиолозите и не се откри темелно како и дали се шири вирусот во училниците.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе