Вести Македонија

Протести на родители на снег, не ги пуштаат учениците на школо затоа што до 5-то одделение им смениле 7 учителки

За пет години образование, учениците од 5 А одделение имале седум различни учителки во ОУ Крсте Мисирков во Куманово.

Родителите се револтирани од честото менување на учителките се договориле и од денеска не ги пуштаат децата на училиште. Наместо деца на училиште родители на протест пред најстарото училиште во Куманово на првиот ден од второто полугодие, протестираа и бараат да се врати претходната учителка за која велат дека била вработена по договорот, кој завршил, а на нејзино место е вработена друга учителка со повисок просек.

-Оваа е седма учителка по ред која ги учи нашите деца во 5 А одделение, револтирани сме од овие промени, а нашите деца трпат трауми. Како родители, ние не даваме отпор за образование само сакаме да ги заштитиме нашите деца од психичко и ментално малтретирање. Цврсто сме решени да не ги пуштаме децата на настава сè додека не се врати претходната учителка-вели Верица Тодоровска, родител.

Родителите испратиле протестно писмо до институциите, но добиле одговор дека нема направено никакви прекршувања и повреда на законот.

И учениците од 5 Д имаат идентичен проблем, на нив новата учителка ќе им биде петта.

-Револтирани сме бидејќи никој не ги зема предвид емоционалните потреби на нашите деца, како родители кога започна честото менување на учителките работевме со нашите деца дека секоја нова учителка е добра но сега е премногу и доста е. Нашите деца се под емоционален притисок и нема да дозволиме за четири месеци да менуваме уште една учителка-вели Миа Лота родител.

Новата учителка е вработена на редовен конкурс, информираше Филип Колевски, директор на основното училиште Крсте Мисирков во Куманово.

-Го разбирам незадоволството на родителите, по пријавата на случајот имавме инспекција која утврди дека нема неправилности, критериумите на конкурсот за вработување беа повисок степен на образование. Би апелирал до родителите да ги пуштат децата на училиште и да се даде можност на новите учителки. Во овој случај не можеме да смениме ништо, конкурсот е завршен и не може да се отповика вели директорот Колевски.

Родителите најавија дека и утре ќе протестираат пред училиштето и дека побарале средба со надлежните во образованието.

Сузана Андоновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе