Стабилна безбедносна ситуација без индиции дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет.
Ваков заклучок донесе Советот за безбедност кој се состана за прв пат по изборот на новата Влада.
Како членка на НАТО, Македонија ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во Украинската криза.
Но, поддржува дипломатски напори и дијалог наместо употреба на оружје, рече претседателот Пендаровски.
Според него, не може да има наша војска во борбени дејствија на Украинска територија при евентуална ескалација ниту пак НАТО има одлука за борбено учество бидејќи Украина воопшто не е членка на Алијансата.
Со помош на НАТО, успешно се неутрализираат различни дезинформации и други влијанија на групи и поединци кои ги поткопуваат нашите национални и државни интереси, потврди претседателот.
На Советот за безбедност за прв пат присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
На редовните членови им се придружија првите луѓе на генералштабот и на агенциите за разузнавање и за национална безбедност.
Соња Николовска