Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, реагираат од СДСМ, од каде велат дека во првите 82 дена од мандатот, таа не реализирала ниту еден свој проект.
Не воведе бесплатен јавен превоз како што ветувала, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а го прекина и проектот Бас рапид транзит за кој беа обезбедени пари.
Учинокот на Арсовска се состои од нивелација на една шахта и поставување мобилни тоалети. Ама затоа Арсовска овие неполни три месеци ги искористи максимално да ја партизира градската администрација и да вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.