Бројот на активни случаи со Ковид-19 се искачи над 20.000, со денешните новодијагностицирани 1.254 случаи. И со тоа по четврти пат од почетокот на пандемијата, Македонија го пробива овој праг од над дваесет илјади активни случаи во еден ден – по периодот ноември декември 2020 и април 2021 година.
Рекордниот број на активни случаи претходно во еден ден бил регистриран на 05 декември 2020-тата година и изнесувал 22.538.
Најголем дел од новите случаи и натаму има во Скопје – 655, потоа следуваат Битола – 87, Куманово – 55, Тетово и Кавадарци – по 46, Прилеп – 40, Велес – 33, Штип – 31, Струмица – 30, Гевгелија – 29… Од вкупниот број позитивни на Ковид 19 – 169 реинфекции.
Починале 21 лице, од кои девет биле целосно вакцинирани, а кај 20 се регистрирани коморбидитети – соопшти Министерството за здравство.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe 28 оздравени пациенти.