Вести Македонија

Јовески: Сопственикот на „Беса Транс“ е достапен на Обвинителството и сака да соработува со надлжените органи

Јавниот обвинител Јовески вели дека обвинителството на Република Бугарија ја запира истрагата за автобуската несреќа во Бугарија, предистражната постапка во овој предмет, затоа што утврдило дека брзината со која бил управуван автобусот не била сообразена на конкретните сообраќајни услови.

„Има неколку можности семејствата на сега загинатите патници да можат врз основа на оваа одлука да поднесат жалба до Обвинителството на Република Бугарија. Имаат право да ги разгледаат списите во конкретниот предмет. Исто така им стои на располагање и можност пред надлежните органи на Република Бугарија да поднесат граѓанска тужба за надоместување на штета. Ние се уште ја немаме добиено замолницата од надлежните органи на Република Бугарија, но усмено сум известен дека имаат упатено замолница до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да ги сослуша застапниците на сега покојните патници дали сакаат да извршат увид во конкретниот предмет и дали евентуално сакаат да поднесат жалби на одлуката на Обвинителството во Бугарија.“ – изјави Јовески во интервју за Радио Слободна Европа.

Јовески вели дека паралелно со предметот на обвинителите во Бугарија, се води постапка и во Република Северна Македонија.

„Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука.“

На прашањето каде е сопственикот на Беса Транс, Беким Хаџиу и дали е достапен за обвинителството, Јовески вели дека тој сака да сорабутва со надлежните органи.

„Од сознанијата што јас ги имам тој е достапен на Обвинителството и од страна на неговиот адвокат и од страна на обвинетиот изјавена е согласност дека тој сака да соработува со надлежните органи во делот на утврдување на причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа.“ – изјави Јовески.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе