Вести Македонија

По неколку години повторно ќе се истражува локалитетот „Била Зора“ кај Свети Николе

Локалитетот „Била Зора“ кај Свети Николе по неколку години повторно ќе се истражува. Научници и студенти од скопскиот Филозофски факултет ќе бидат дел од истражувањата. Деканот, Ратко Дуев вели дека локалитетот бил престолнина на Пајонците и еден од најзначајните во Европа. Токму овој локалитет може да привлече само 5.000 научници од целиот свет.

Светниколската локална власт најави дека ќе се ангажираат околу експропријација на земјиштето, бидејќи локалитетот се простира на околу 32 хектари. Досега археолозите истражиле само дел од кралската палата.

Но, пред да се истражи ќе треба да се конзервира, односно да се заштити она што е откриено. Скалите се изронети, има паднато и една од фреските на ѕидовите. Министерството за култура лани најави дека елаборатот е готов за конзервација, сега се чекаат парите.

Викторија Јованова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе