Вести Македонија

Во Струмица протест против ковид-мерките и барање да продолжи учебната година без протоколи за децата

Здруженијата „Од нас за нас“ и „Слобода и правда“ денеска со протестен караван со автомобили и вклучени сирени побараа учебната година да продолжи со физичко присуство и без протоколи за децата, а се и со категоричен став дека маските не треба да се носат во училиште.

– Ние како здружение излеговме со став уште на 30 август дека поддржуваме физичко присуство без никакви протоколи за децата. Се уште сме на тој став и сметам дека децата треба и е потребно да бидат во училишните клупи и заради подобро образование и заради нивната дружба, меѓутоа маските, особено маските од сите протоколи, не треба да ги носат, рече Гордана Гоџо, претседателка на Здружението „Од нас за нас“.

Од Здружението „Слобода и правда“ од Струмица велат дека со актуелните протоколи се кршат повеќе закони и голем број човекови права.

– Имаме повторно поднесено барање до училишните одбори да ни кажат дали тие ги имаат усвоени протоколите, а ако не по кој закон и по која основа ги применуваат протоколите, рече Лидија Панова од Здружението „Слобода и правда“.

Граѓаните и здруженијата кои не ги поддржуваат ковид-мерките повеќе месеци повремено протестираат со организирање протестни каравани со автомобили и бараат укинување на мерките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе