Полицијата соопшти дека синоќа во Визбегово било рането момче додека непознат сторител пукал кон 4-члената група во која се наоѓал и повредениот. Ранетиот 20-годишник имал повреди на нозете од искупаните проектили.
На 28.01.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.