Вести Македонија

Прва средба на претседателот Пендаровски со претставниците на ОМО „Илинден“

Се оствари и средбата на претставниците на македонското малцинство во Бугарија со претседателот Стево Пендаровски. По средбата немаше изјави, а од Кабинетот на претседателот соопштија дека претставници на ОМО „Илинден“ и на неколку други здруженија на граѓани од Бугарија  го информирале претседателот за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.

Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот. Претседателот Пендаровски смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања“, се вели во сопштението.

Пендаровски ги информирал дека наскоро ќе ја посети Бугарија и ќе има разговори со претседателот Румен Радев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе