По серијата трагични сообраќајки во Скопје во кои животот го загубија три лица, МВР соопшти дека вчера била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин.
173 возачи сметале дека тие имаат предност пред пешаците иако тие се наоѓале на пешачки премин. Најголем број од нив се во Скопје – 104, во Тетово се казнети 26, а во Велес 16 возачи кои не пропуштиле пешаци да ја преминатѕ улиуцата на обележан премин.
Од МВР инофрмираат дека и наредните денови ќе продолжат засилените контролив о сообраќајот и аплеираат до возачите но и пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила.