Претседателот на БЕСА Билал Касами бара брзи предвремени избори. Смета дека во овој момент треба да се иницира лидерска средба на која ќе се разговара за ова прашање. Партијата ги повика сите невладини организации и професионалци да дадат придонес кон уривањеето ан актуелната власт. Дел од БЕСА стана и внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани кој на локалните избори настапи како независен кандидат за градоначалник на Кичево.Доколку партиите не успеат да се договорат за предвремени избори, Касами најавува формирање на широк опозициски фронт .
Предвремени избори бараат и Алијанса на Албанците и ВМРО ДПМНЕ. Сметаат дека тоа е единствениот излез од кризата со која се соочува државата.
СДСМ и ДУИ се подготвени за разговори но тврдат дека предвремни парламентарни избори нема да има а новата Влада ќе го истера мандатот до 2024 година.
Јулијана Пешевска