Се оствари и средбата на претставниците на македонското малцинство во Бугарија со претседателот Стево Пендаровски. По средбата немаше изјави, а од Кабинетот на претседателот соопштија дека претставници на ОМО „Илинден“ и на неколку други здруженија на граѓани од Бугарија го информирале претседателот за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.
“Во однос на дијалогот со Бугарија, претседателот Пендаровски оцени дека почнува нова фаза, а двете страни искажуваат волја во насока на напредок на процесот. Претседателот Пендаровски смета дека е значајно секоја политичка институција во двете држави да даде свој придонес за решавање на отворените прашања“, се вели во сопштението.
Пендаровски ги информирал дека наскоро ќе ја посети Бугарија и ќе има разговори со претседателот Румен Радев.