Рафаел Надал и Андреј Медведев ќе настапат во финалето на првиот Гренд слем турнир и ќе борат за трофејот на Отвореното тениско првенство на Австралија.
Во првото полуфинале петтиот тенисер на светот Надал со 3:1 по сетови 6:3, 6:2, 3:6 и 6:3 славеше над Матео Беретини и го обезбеди шестото финале во Мелбурн и има шанса да стигне до 21-от трофеј на големите турнири, а само втор во Австралија.
Противник во финалето ќе му биде вториот носител Данил Медведев кој во меч што траеше два и пол часа исто така во четири сета со 7:6, 4:6, 6:4 и 6:1 триумфираше над Стефанос Циципас. За Русинот ова е четврти меч за титула на еден Гренд слем, а доколку успее да победи во неделното финале ќе избие на првото место на АТП листата.
Хрватот, Иван Додик и Кристина Младеновиќ од Франција триумфираа во конкуренција на мешани двојки. Хрватско-француската комбинација за 77 минути ја совлада домашната двојка Џејми Форлис и Џејсон Кублер со 6:3 и 6:4.
За Додик ова беше вкупно шести Гренд слем трофеј, а четврти во Мелбурн откако претходните три ги освои со Латиша Чан од Тајван. Младеновиќ се радуваше на третиот триумф во мешани двојки. Претходно до титулите доаѓаше во комбинација со Даниел Нестор.