Вести Македонија Најважни

Терористи со писмо на англиски јазик испратија закани по животот на обвинителот Љубомир Јовевски – бараат слобода за новинари на тв АЛФА

Писмо со закани по живот на англиски јазик до јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Велат, дека се теросисите ко исе броат за правидини и бараат од обвинителот да ги ослободи од гонење двајцата новинари од емисијата „Заспиј ако можеш“ на АЛФА телевизија. Обвинителството, пак, вели дека терориситте задоцниле бидејќи предметот за нив е затворен. Освне Јовевски, закни добивала и обвинтиелката Вилма Русковска. Полицијата ќе ги прегледува камерите од поштите за да се обиде да го лоцира испраќаот на заканувачите писма.

„Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа“пишува во заканата до јавниот обвинител Љубомир Јовески. Писмото е напишано на македонски и англиски јазик а стигнало до Јовески од Битола на 17-ти јануари, бидејќи било адресирано лично до него. Наводните терористи бараат да бидат ослободени двајца новинари од гонење од ТВ Алфа.

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се со највисоки еминентни заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои се борат и ќе ги бранат до последна капка крв бидејќи го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо,“ стои во писмото.

Јавниот обвинител Јовески, кој ги стави во јавност добиените писма, преку соопштение истакнува дека нема да потклекне на тероириситчките закани.

„Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа пригода нагласува дека заканите, па дури и да се по живот, нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство“, се наведува во одгворот на обавинителството.

За новинарите Момировски и Милосављевиќ до Обвинителството беше поднесена кривична пријава од Агенцијата за разузнавање во врска со наводи за безбедносни и разузнавачки структури изнесени во емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувана на ТВ Алфа. Тие во ноември лани беа повикани и да дадат исказ. Меѓутоа, веќе наредниот месец предметот, според денешното соопштение од Обвинителството, бил запрен бидејќи надлежниот обвинител сметал дека нема место за јавно-обвинителско постапување. Им стојам на располагање на институциите доколку сметаат дека има потреба од такво нешто, иако, подвлекувам, од моја страна нема ниту директна ниту индиректна инволвираност во немилиот настан, им порача новинарот Драган Милосавлевиќ на институциите.

„Не знам кој и со какви мотиви го испратил писмото со закани до обвинителот Јовески, во кое е спомнато и моето име, но силно го осудувам овој чин бидејќи цврсто верувам дека во нашиот општествен живот нема простор за насилство од каков било тип. Ги повикувам истражните органи што побрзо да го разрешат случајот за да не останат сомнежи во јавноста и смело да се запре секој обид за внесување немир и чувство на несигурност,“ вели новинарот Милосавлевиќ за Телма тв.

Освен Јовевски на мета на заканувачи, седмица пред нова година се нашла и обвинителката од одделнието за борба против организиран криминал, Вилма Русковска. И бил доделен ултиматум да ги гони тогашниот премиер Зоран Заев и неговиот брат. Рокот дека ќе биде убиена е истечен, а полицијата трета недела работи на пронаоѓање на испраќачот на заканите. Заедничко за двата случаи е користење на англиски јазик, и праќање на писмата по пошта со измислени имиња, презимиња и адреси. Писмата се во полиција, а поштенските службеници тврдат дека доколку има камера во поштенскиот објект од каде што е испратено писмото, може да се утврди идентитетот на испраќачот, со оглед дека прецизно се бележи времето кога поштенската пратка била предадена во поштата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите со масовни блокади низ улиците во Србија

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе