Вести Македонија

Преку препорачана пратка испратена од Пошта во Битола, јавниот обвинител Јовевски добил закани по живот од терористичка организација

Терористичка организација му испратила писмо на јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Ќе биде убиен ако не биде запрена постапка по конкретен предмет. Писмото напишано на македонски и англиски јазик стигнало до Јовески од Битола на 17-ти јануари, а било адресирано лично до него. Бараат да бидат ослободени од гонење двајцата новинари од ТВ Алфа, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, постапка за која од Јавното обвинителство нагласуваат дека веќе е запрена во декември 2021 бидејќи нема место за гонење од страна на јавен обвинител.

„Новинарите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ, слободно да бидат ослободени бидејќи се новинари кои се од највисоки еминентни и заслуги и имаат астрономска поддршка насекаде низ државата, кои ќе се борат и ќе ги бранат до последна капка крв како што овие новинари го претставуваат и се гласот на македонскиот народ. Љубомир Јовески ослободете ги еднаш, ослободете ги од сите обвиненија бидејќи се невини за какво било злосторство или Љубомир Јовески ќе те убиеме многу брзо. Само го чекаме тој точен момент за да ви го одземеме животот. Постапете веднаш ако вашата желба е да останете живи. Ние сме терористичка организација која се бори и убива за неправди и исто така сме подготвени да гинеме за неа.“, пишува во писмото до Јовевски.

Јавниот обвинител Јовески, кој ги стави во јавност добиените писма, преку соопштение истакнува дека се залудни ваквите закани и нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.

Писмото е веќе доставено до полиција, а поштенските службеници тврдат дека доколку има камера во поштенскиот објект од каде што е испратено писмото, може да се утврди идентитетот на испраќачот, со оглед дека прецизно се бележи времето кога поштенската пратка била предадена во поштата.

За новинарите Момировски и Милосављевиќ до Обвинителството беше поднесена кривична пријава од Агенцијата за разузнавање во врска со наводи за безбедносни и разузнавачки структури изнесени во емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувана на ТВ Алфа. Тие во ноември лани беа повикани и да дадат исказ. Меѓутоа, веќе наредниот месец предметот, според денешното соопштение од Обвинителството, бил запрен бидејќи надлежниот обвинител сметал дека нема место за јавно-обвинителско постапување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе