Ковид19 Македонија

Нови 1.861 ковид позитивни, починати 27 лица, меѓу кои 22 годишен пациент од Прилеп

Во изминатите 24 часа се регистрирани 1.861 нов случај на Ковид-19 од 5.446 тестови, оздравени се 7.273,  а починале 22 пациенти, најмладиот на 22 години. Пријавени се и уште пет починати лица, најмладиот на 39 години, со датум на смрт од 17 до 25 јануари, соопшти Министерството за здравство.

Половина од новите случаи се во Скопје – 908, Битола – 115, Кавадарци – 100, Куманово – 88, Тетово – 75, Прилеп – 69, Велес – 54, Струмица – 50, Гостивар – 45, Охрид – 41, Штип – 37, Гевгелија – 34, Неготино – 32, Свети Николе – 23, Кичево – 22, Струга и Ресен по 20, Радовиш – 18, Кочани и Крива Паланка по 16, Валандово – 15 новозаразени, Делчево – 11, Богданци – девет, Виница, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево  по пет, Берово, Дебар и Македонски Брод по четири Пробиштип и Демир Хисар по тројца, Кратово и Крушево – по двајца и Дојран – еден нов случај.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 242 реинфекции, од кои една е втора реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 22 починати лица: девет од Скопје (68г, 73г, 77г, 81г, 82г, 84г, 84г, 86г и 87), по тројца починати од Кавадарци (69г, 78г и 88г) и  Битола (66г, 67г и 73г) и по едно починато лице од Демир Капија (73г), Куманово (86г), Неготино (87г), Прилеп (22г), Струга (76г), Струмица (73г) и Тетово (58г). Од пријавените лица, 21 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се пет починати лица, од двајца од Охрид и по едно од Скопје, Прилеп  и Гевгелија, на возраст од 39 до 90 години. Пријавените се починати во период од 17 до 25 јануари 2022. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Македонски државјанин со возило излета кај Хоргош во Србија, има загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе