Во првиот меч од полуфиналната програма Рафаел Надал ќе се соочи со Матео Беретини. Петтиот играч на светот ќе атакува на своето шесто финале во Мелбурн, но и се надева дека по три години ќе стигне до првиот Гренд слем трофеј и со вкупно 21 во кариерата ќе избие на чело на вечната листа пред Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Шпанецот им само еден трофеј во Австралија и тоа освоен пред 13 години кога успеа да го совлада Федерер. Беретини е првиот Италијанец кој успеал да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, а ќе се обиде и да стигне до второто финале во кариерата откако минатата година беше поразен во Вимблдон.
Надал само еднаш се сретнал со 25-годишниот Италијанец и тоа пред три години кога во полуфиналето на УС Опен славеше во три сета.
Во вториот меч играат Данил Медведев и Стефанос Циципас. Русинот пред 12 месеци играше во големото финале, но пречка до тогаш првиот Гренд слем му беше Ѓоковиќ додека Гркот ќе се обиде конечно да ја прекине серијата не успеси во полуфиналето и по три порази да стигне до решавачкиот меч за трофејот во Мелбурн.
Двајцата тенисери утре ќе го играат деветтиот меѓусебен дуел, а предноста е на страната на Медведев кој има шест победи.