Македонија

Регионалната депонија на источните општини на референдум

Новата локална власт на Свети Николе е против изградбата на регионалната депонија во близина на селото Мечкуевци.  Ставот го изнесуваат и преку неизборот на членови на Управниот и Надзорниот одбор во новото претпријатие, кое треба да стопанисува со современиот систем за управување со отпад, а е финанисран преку фондовите од ЕУ. Градоначалникот Дејан Владев имал состанок со претставник на Министерството за животна среднина. Побарал депонијата да се лоцира кај Богословец, за да се заштити плодната земја околу Мечкуевци.

Владев најави дека  ќе распише и референдум за или против изградбата на регионалната депонија, во којашто отпадот треба да го носат 18 општини од истокот и свероистокот. Но и претходниот градоначалник имаше таква иницијатива па пропадна. Тогаш  образложија дека општина Свети Николе веќе има потпишано договор, во кој ако го раскине  се обврзува да ги плати сите досегашни трошоци за проектот од грантот на Европската унија.

Светниколчани не веруваат дека ќе се изгради современа регионалната депонија.

Општините од штипскиот и кумановскиот регион и Свети Николе веќе имаат искористено дел од европските пари за набавка на камиони и контејнери за отпад.  Овој проект чини 46 милиони евра, меѓу кои и изградбата на фабриката за отпад.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Eспресо во Скопје 150 денари, во Софија две евра – работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија поради ниските плати во угостителството и туризмот

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе