Вести Македонија Најважни

Нова жртва на скопските улици, МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Животот на скопските улици стана небезбеден. Денеска нова жртва на сообраќајка на булеварот „Гоце Делчев“, во непосредна близина на истоимениот мост.

Покриено тело со чаршав, вознемирени граѓани наоколу, увид на местото на  трагичниот настан од страна на МВР.  Загинатиот пешак бил на 75-годишна возраст. На местото на несреќата имаше две возила. Бело БМВ и товарен пик-ап, и двете ги прегледуваше Крим техника. Увидот треба да утврди што точно се случило, каде поминувал пешакот и кое од двете возила прво го удрило загинатиот. Траги од оштетувања на автомобилите беа снимени од инспекторите, а Обвинителството веќе побарало и снимки од блиските безбедносни камери.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО: Првичните сознанија упатуваат дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистарски ознаки удрил во пешак кој ја преминувал улицата во непосредна близина на мостот. По наредба на јавен обвинител ќе се врши обдукција на телото на починатиот, а од лицето кое управувало со автомобилот земени се примероци од крв и урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол или други недозволени средства.

Жената возач од Куманово е префрлена во болница по несреќата. За 24 часа ова е втора трагична сообраќајна несреќа. Ноќеска во Ново Лисиче во судир на две возила настрадале татко и ќерка, а задржан е 21-годишен возач.

  • За жал имаме едно починато лице. Возачот на едното од возилата, а имаме едно лице со тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила на раскрсницата меѓу булеварот „ Видео Смилевски- Бато“ и сервисна уличка- Тони Ангеловски- портпарол во МВР.

203 сакции за брзо возење изрекле од МВР во последниве 24 часа, но санкционирани се и други возачи за други сторени прекршоци. Лани биле изречени над 240 илјади сообрќајни казни, од кои над 100 илјади за брзо возење, вели Ангеловски. Бројот на жртви во сообраќајот се движи од  9 до 10 месечно, и според Ангеловски се бележи намалување на бројот на жртви што се должи на зајакнати полициски контроли. Лани имало 111 загинати, преклани 125, а имало и години кога гинеле и по 190 луѓе. Но, само во последните 6 дена во Скопје загинаа двајца пешаци и еден возач. Од почетокот на годината досега загинале 8 луѓе во Македонија.

Сотир Трајков

Тинејџер со Ауди А4 прегазил старица во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку четворица убиени, 14 повредени – пукање пред ноќен клуб во Чикаго

Дејан Дејан

Eспресо во Скопје 150 денари, во Софија две евра – работниците „бегаат“ во Хрватска и Словенија поради ниските плати во угостителството и туризмот

Дејан Дејан

И 41-от обид неуспешн за конституирање на собранието на Косово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе