Вести Наука и здравје

Од загаден воздух предвремено умираат 30.000 луѓе на Балканот

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број  предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување на јавното здравје, е заклучокот од студијата на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух“.

Лошиот квалитет на воздухот во регионот предизвикува повеќе од 30.000 предвремени смртни случаи, а животниот век е намален за 1,3 години во земјите од Западен Балкан.

Затоа е неопходно итно да се подобри квалитетот на воздухот и јавното здравје, преку надградба на здравствените системи, се вели во заклучокот.

Во студијата е посочено дека само електраните на јаглен на Западен Балкан предизвикуваат економска штета која се движи помеѓу 1,2 и 3,4 милијарди евра годишно за трошоците за здравствена заштита. Да се постави намалувањето на загадувањето на воздухот како национален, регионален и меѓународен приоритет и да се интегрира во сите процеси на планирање е првото барање на кампањата. Второто барање е да се зголемат буџетските средства за контрола на загадувањето и да се воспостави систем за следење на загадувањето и неговите здравствени ефекти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиромаштијата расте, социјалната помош стагнира

Дејан Дејан

Власта до СДСМ: Немате легитимитет да повикувате на нацинален консензус

Дејан Дејан

Киев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе