Вести Македонија Најважни

Стопен покрив и пустош на катовите, само фасадата остана од зградата стара 120 години во Битола

Догорува дрвото во конструкцијата и се лади сè што синоќа се топеше во огнот. Покривот веќе го нема, а третиот кат е целосно опустошен. Остана само фасадата препознатлива за овој објект изграден пред повеќе од еден век.

Порано и сега позната како зграда на “Жито Битола”, но веќе подолго време е во приватно сопствеништво. Припаѓа на еден локален маркет, а производствената намена на погонот остана иста како и некогаш – тука се прави леб, а се произведува и брашно. Пожарникарите речиси три часа се бореа со пламенот, пред да успеат целосно да го изгаснат.

Зградата била изградена во османлиско време, а токму и тоа ја отвори дилемата – дали и колку истата е заштитена. Надлежните одговараат дека објектот не е заведен како индивидуален споменик на културата, но одредена заштита постои – барем на хартија.

Силосите со жито се спасени и пченицата е сочувана, информираа пожарникарите од прва рака, кои останаа да дежураат цела вечер, за да не се појави пламен поради тоа што денес напладне густ сив чад сè уште се издигнуваше над остатоците од објектот. Нивната операција ја оценија како ризична бидејќи во зградата немало бетонски плочи помеѓу катовите туку подови со дрвени греди.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе