Вести Македонија

Заев ќе се вози во Шкода суперб

Зоран Заев ќе се вози во „шкода суперб“ произведена во 2021-ва, со моторна зафатнина од две илјади кубни сантиметри. Возилото му е доделено од Владата по престанокот на неговиот мандат како премиер. Има право да го користи речиси четири години, бидејќи толку време раководеше со извршната власт. Му следуваат и возач и шестмина телохранители.

Ова право го имаат сите поранешни премиери. Внесено е  во Законот за Влада во 2013-та по предлог на пратеници од ВМРО ДПМНЕ и дополнето во 2016-та, со образложение дека „поранешните премиери треба да бидат заштитени од криминалците против кои се бореле за време на мандатот“.

Во 2020-та, при формирањето на техничката Влада, екс премиерот Заев доби на користење „фолксваген пасат“ од 2018-та. Екс премиерот Никола Груевски во 2017-та доби „фолксваген пасат“ од 2015-та,  како и Емил Димитриев во 2017-тата.

Владата преку сопштение појасни дека не се работи за подарување возила туку за обврска која произлегува од Законот за Влада. „На премиерот на кој му завршил мандатот треба да му биде обезбедено возило, возач и безбедносна заштита онолку време колку што ја извршувал оваа функција“, велат од Владата..

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Дејан Дејан

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Девијантно однесување или енормно зголемување на цените, ќе значи ригорозни мерки – министерот Дурмиши со порака до трговците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе