Обвинителството соопшти дека на осомничениот возач му е определена мерка притвор поради сите три законски можности.
-По произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот на ЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото, соопштуваат од Обвинителството.
Притворениот возач на 20-ти јануари околу 20 часот ја удри 24-годишната радовишанка Викторија Николова која загина на лице место.
Несреќата се случила на пешачки премин, семафорите биле исклучени, а удрен бил и пријателот на загинатата кој е префрлен во болница, од каде по извршените прегледи е пуштен на домашно лекување.
Возачот положил пред една година, а делото го извршил со автомобил ситроен. По несреќата тој останал во возилото, а обвинителството соопшти дека не укажал помош на повредените.
По определениот притвор, адвокатот на возачот оцени дека притворот е изречен поради притисок од јавноста и дека судот со други мерки можел да го спречи прекршувањето на трите услови за определениот притвор на 22-годишникот.
Обвинителството ќе бара максимална казна и притвор за возачот кој усмрти девојка на пешачки премин