На првиот Гренд слем сезонава денеска се комплетираа осминафиналните двојки. За разлика од претходните денови, денеска немаше поголеми изненадувања. Нашиот единствен претставник Калин Ивановски на јуниорскиот турнир уште во првото коло во два сета со 7:6 и 7:5 е совладан од Русинот, Јарослав Демин.
Втората носителка на женскиот дел од турнирот Ирина Сабаленка со 2:1 во сетови ја елиминираше Маркета Вондрушова, фаворитката број 7, Ига Свјонтек беше поуспешна од Дарија Касаткина совладувајќи ја со 6:2 и 6:3, Симона Халеп забележа победа во дуелот против Данка Ковиниќ, Каја Канепи славеше во соочувањето против Медисон Инглис, а Даниел Колинс триумфираше над Клара Таусон.
Настапот во Мелбурн го заврши Тина Зиданшек која беше совладана од Ализе Корне, а пласман во осминафиналето обезбеди и Елис Мертенс по победата над Шуаи Жанг.
Кај мажите Тејлор Фриц по голема борба во пет сета во меч што траеше три часа и 15 минути го совлада 15-от фаворит Роберто Баутиста Агут. Вториот носител Данил Медведев беше убедлив во мечот против Ботик Ван де Зандшулп, а Феликс Оже Алиасим славеше над Даниел Еванс со 6:4, 6:1 и 6:1. Јаник Синер забележа победа во соочувањето против Таро Даниел, а Максим Креси беше поуспешен од Кристофер О’Конел