Вести Македонија

Карпа тешка 20 тони во кањонот Матка е нестабилна, од ЦУК смируваат дека нема место за паника

Нестабилна, карпа со големина 6 до 8 метри кубни и тешка 20 тони, се наоѓа на височина од 100 метри на ѕидот од браната во кањонот Матка, велат од Центарот за управување со кризи, кои информацијата  ја добиле од ЕВН што стопанисува со хидроелектраната Mатка. При паѓање на карпата би била предизвикана лавина од други камења и карпи и таа би паднала на местото каде се испушта вода, која оди во хидроелектраната. И покрај тоа што за сега нема место за паника зашто стабилноста на карпата е непроменета долги години, од ЦУК известиле 10 надлежни институции за проверка на состојбата на карпата.

  • Во овој момент нема место за кревање никаква паника, но воедно ја известуваме фирмата која што стопанисува со чамците кои што пловат низ кањонот Матка, полни со туристи, и до нив препорачуваме и апелираме местото на предниот дел, блиску до браната, да не го користат поради оваа многу мала можност од одрон на оваа огромна карпа. Иако ризикот е многу мал, како сериозна институција на која безбедноста на граѓаните е на прво место, сакаме да делуваме превентивно и повикуваме овој дел , блиску до ѕидот на браната да не се користи- изјави Стојанче Ангелов- директор на ЦУК.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за сопственичка од Кавадарци за затајување данок

Дејан Дејан

Се трага по 32 исчезнати лица откако траект потона близу островот Бали

Дејан Дејан

Следниот четврток европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе