Вести Магазин

Твитер блокираше мексикански милијардер

Твитер објави дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар.

Раководството на Твитер објави дека Салинас на неговата сметка „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“.

Минатата недела Салинас, сопственик на Banco Azteca SA, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го на Твитер нејзиниот изглед, што Твитер го смета за прекршување на правилата.

Салинас на својот профил на Телеграм рече дека ќе ги користи своите профили Телеграм, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок додека не го реши „проблемот на Твитер“.

Милијардерот и неговото семејство се рангирани на 153-то место на листата на милијардери на Форбс, со проценета нето вредност од 13,5 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев: Одложувањето на американската помош ќе ја охрабри Русија да продолжи

Дејан Дејан

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

Дејан Дејан

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе