Култура

Нови Сад од вечерва европска престолнина на културата за 2022

Нови Сад, главниот град на српската покраина Војводина од вечерва официјално ќе биде една од европските престолнина на културата за 2022 година. Свеченоста започнува во 18 часот во Српското народно позориште од Нови Сад. А, спектакуларната претстава која вклучува 60 изведувачи и повеќе уметнички изрази како театар, музика, танц и акробатика , е насловена „ Зенитеум 2022 година“ и ќе започне во 20 часот и 22 менути. Неа ја режира авангардниот словенечки уметник Драган Живадинов. Тој за српските медиуми изјави дека претставата е прослава на уметноста и науката, или поконкретно, математиката, физиката и астрономијата, како научни дисциплини.

Главни ликови во спектаклот се математичарите Милева Мариќ Анштајн ( во изведба на Анита Манчиќ) и Милутин Миланковиќ ( го толкува Борис Исаковиќ). Спектаклот ќе се одржи на булеварот „ Михајло Пупин“, пред импозантната архитектонска градба на палатата Бановина. Неговиот визуелен израз е инспириран од уметничкото движење „ Зенитизам“ и списанието за модерна уметност„ Зенит“, кое меѓу двете светски војни го основал Љубомир Мициќ.

Овие содржини се дел од програмата „ Дочек“, со која Нови Сад двојното се отвора како годинашна европска престолнина на културата.

Поради пандемијата беа пуштени редуциран број билети за посетителите на програмите, а зголемениот број заболени со Ковид- 19, со сојот омикрон,  влијаеше организаторот -Фондацијата „ Нови Сад – Европска престолнина на културата“, дополнително да откаже дел од концертите, планирани за вечерва на различни локации , во затворен простор.

Во предвечерието на свеченото отворање , синоќа театарот  на унгарското малцинство „ Ујвидеки Шинхаз“, ја изведе премиерата на претставата „ Идиот“ , од Достоевски, во режија на нашиот Андреј Цветановски.

Сите содржини од програмата на оваа европска престолнина на културата, до крајот на годината ќе бидат реализирани под мотото „ За нови мостови“, што значи славење и поврзување на културните разлики. Планирани се 1500 настани, со учество на 4000 уметници од Србија, регионот и од светот.

Покрај Нови Сад, европски престолнини на културата годинава се градовите Eш (во Луксембург) и Каунас( во Литванија).

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе