Вести Свет

Укината забраната за мотоцикли во Нигерија по 10 години

Забраната за користење мотоцикли во државата Јобе како дел од борбата против терористичката организација Боко Харам во Нигерија е укината по 10 години.

Маи Мала Буни, гувернерот на Јобе во Нигерија, во писмена изјава рече дека државата неодамна постигнала голем успех во борбата против Боко Харам.

Буни најави укинување на забраната за мотоцикли во 10 области на државата воведена во 2012 година.

Употребата на мотоцикли беше забранета во државата Јобе на 1 јануари 2012 година, поради ескалацијата на нападите на Боко Харам.

И покрај операциите спроведени во последниве години, организацијата сè уште претставува сериозен безбедносен проблем во Нигерија, најнаселената африканска земја.

Од 2009 година повеќе од 20 илјади луѓе загинаа во актите на масовно насилство организирано од терористичката организација Боко Харам, која постои во Нигерија од почетокот на 2000-та година.

Организацијата извршила напади и во пограничните соседи на земјата Камерун, Чад и Нигер во 2015 година. Најмалку 2.000 луѓе ги загубија животите во нападите на организацијата во басенот на езерото Чад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе