Вести Наука и здравје

Забрзано се топи „Глечерот на судниот ден“

Климатските промени продолжуваат да го покажуваат своето застрашувачко лице со природни катастрофи и екстремни временски настани. Најголемиот глечер во светот брзо се топи на Антарктикот. Експертите предупредуваат дека нивото на морето може да се зголеми за 60 сантиметри поради топењето.

Со глобалното затоплување, милијарди тони глечери се топат на половите. Неодамнешното истражување го открива степенот на влијанието на климатската криза врз глечерите.

Најголемиот глечер во светот „Глечерот на судниот ден“ неочекувано се отцепи од Антарктикот пред 20 години и се распадна на илјадници парчиња.

4% од порастот на глобалното ниво на морската вода се должи на топењето на овој глечер.

Топењето на глечерот ќе предизвика масовно зголемување на глобалното ниво на морињата

Севкупно, ако глечерот со големина на островот Англија се стопи со оваа брзина, нивото на морето во светот ќе се зголеми за најмалку 60 сантиметри. Уште полошо,  ако глечерите околу него се привлечат и започнат да се топат, висината на морињата може да достигне 3 метри.

Соочени со таквиот развој на настаните, ниту една населба на крајбрежјето на светот нема да може да ја избегне катастрофата што ќе ја донесат морските поплави. Многу мали островски држави ќе бидат избришани од мапата, а крајбрежните градови ќе бидат потопени.

„Ќе се скрши како стакло од автомобил“

Според експертите, развојот на настаните со „Глечерот на судниот ден“ значи дека црвениот аларм е вклучен во климатската криза.

Американските научници открија голема и опасна пукнатина на предниот дел на глечерот, кој поради неговото огромно влијание врз глобалното ниво на морињата, би можел да се скрши како ветробранско стакло во следните пет години.

Истражувачите исто така предупредија дека подигнувањето на нивото на морињата може да доведат до катастрофа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе