Филмови

ОДБРАНА И ЗАШТИТА (сабота, 25 декември 2021-22.15 ч)

Кога умира неговиот стар пријател Ѓулаг, Славко чувствува обврска да оди на погребот. Но, во неговиот роден град Мостар, оваа едноставна општествена обврска може да му предизвика многу проблеми: со соседите или дури и со локалните политички моќници. Но, ако не замине, сопругата ќе го смета за плашливец, ожалостеното семејство никогаш нема да му прости, а ни  Славко нема да може да си прости.

Ова е убедлива приказна за секојдневието во поделено општество, свет во кој коегзистираат паранојата, комедијата и драмата. Исто така, ова е прониклив психолошки портрет на човек принуден да ја премине невидливата граница што раздвојува две заедници во еден град. Како прво, ова е приказна за човек кој изгуби се што го дефинира, кога неговата земја се распадна.

Режија: Бобо Јелчиќ

Улоги: Богдан Диклиќ, Нада Ѓуревска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕМНА БАЈКА – понеделник, 12 мај 2025 – 00:40

Дејан Дејан

ПАПИЛОН (1973) – недела, 11 мај 2025 – 22:15

Дејан Дејан

ПЕКОЛ НА ХОРИЗОНТОТ – недела, 11 мај 2025- 00:05

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе