Временска прогноза

Минималната температура на неколку места и под -10°C – Временска прогноза за 23.12.2021

Ведро, сончево и студено со слаб северен ветер.Македонија и утре ќе се наоѓа под влијание на стабилна и мошне студена воздушна маса, која и утре носи ниска утринска температура.

Насекаде ќе биде под нула, а во делови од земјава со минимална температура под -10°C.

Агропрогноза: Временски услови во оваа седмица, па и негативните утрински температури во овој период од годината немаат некое поголемо значење за земјоделските култури.

Доколку почвените услови им дозволуваат на земјоделците, сѐ уште може да се садат овошки, додека работите во пластеничкото и оранжериското производство остануваат актуелни, како земјоделски работи во контролирани услови.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло, со постепен пораст кај температурата – Временска прогноза за 1.7.2025

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 30.6.2025

Дејан Дејан

Сончево со умерен до засилен ветер од северен правец – Временска прогноза за 29.6.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе