Износот од 370.000 евра до кој дошле ДЗР е проценет од продажната цена на KWh на електрична енергија, што е основ за плаќање на концесиски надоместок, а не за надоместокот за вода – одговорија од Министерството за животна средина на наодите на ревизорите дека дел концесионерите на малите хидроцентрали не уплатиле 370 милиони евра за надоместокот за вода.
- „Ова не значи дека не се постапува во насока да се задолжат субјектите да извршат плаќање на утврдените надоместоци за користење на вода. По извршен увид во листата каде се евидентирани сите субјекти кои користат вода за производство на електрична енергија, за дел е утврдено дека плаќаат надоместок сметано од прибавената дозвола за користење на вода, но е и за периодот откако почнале со производство врз основа на спроведени постапки за концесии пред стапување во сила на Законот за водите. Еведентирани се неуплатени надоместоци кај дел од производителите на електрична енергија, кои не се носители на дозволи за користење на вода, туку истата ја користат врз основа на јавно приватно партнерство со комуналните претпријатија и со водостопанстата. Дел од утврдените неплатени надоместоци, се платени врз основа на дадени задолженија од државниот инспекторат за животна средина и спроведени постапки. За сите останати, со писмен допис од секој концесионер ќе се побара да достави информација за пресметани и уплатени надоместоци за користење на вода.“- одговорија од Министерството за животна средина.
Од министерството тврдат дека за сите мали хидроцентрали од 2013г – 2015 за кои МЖСПП има добиено барање и Одлука за спроведување или неспроведување на, стратегиска оценка на влијанието на животната средина се дадени мислења од МЖСПП.
- „Во период од 2015- 2019г. МЖСПП нема добиено ниедно барање се до 2019г кога сме го добиле последното барење и за кое исто така е постапено. Во донос на Оценка на влијание врз животната средина за малите хидроелектрични централи, за секоја поединечно е спроведена постапка за оцена на влијанието животната средина, врз основа на писмо за намера за реализација на конкретен проект. Министерството за животна средина достави забелешки во однос на наводите на Државниот завод за ревизија, во насока на дообјаснување на процедурите за оценка на влијанието на животната средина. “- велат од ресорот.