Еко-свест и Македонското здружение на млади правници ја поздравуваат извршената ревизија на Државниот завод за ревизија во врска со искористувањето на водните ресурси за производство на електрична енергија. Ние како организации, повеќе години реагираме во врска со сериозните прекршувања во постапките за издавање на концесии. Со тоа, голем број од издадените концесии за малите хидроцентрали се издадени надвор од правната постапка, a се констатираат и серизни прекршувања, што ја доведува во прашање законитоста на нивното постоење.
Во извршената ревизија на ДЗР за “Експолоатација на водни ресурси при производство на електрична енергија“, е даден целосен преглед и постапка за издавање концесии за мали хидроцентрали и се утврдени сериозни прекршувања на постапката за издавање на концесии. Се воочуваат низа сериозни прекршувања од постапката на издавање концесии до подготовката на стратешките документи, се до моментот на пуштање во употреба на малите хидроцентрали.
Ревизија воочува сериозни прекршувања на постапката за издавање концесии, од подготовката на стратешките документи врз чија основа се издаваат, до моментот на пуштање во употреба на малите хидроцентрали.
Стратегиите за развој за енергетиката и за искористување на обновливите извори врз чија основа се издадени најголем дел од концесиите се без стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.
Комисиите за спроведување на тендерските постапки никогаш не изработувале студии за концесиски проект и не правеле прелиминарна оцена на влијанието врз животната средина, иако тие се законска обврска. За некои од тендерите нема физибилити студија и воопшто нема конечна Одлука за спроведување тендерска постапка. При издавањето на водното право никогаш не е направен преглед на објектите за зафаќање вода, што е исто така законска обврска. Тие не прооизведуваат правно дејство, и според ова зафаќањето на вода за производство на електрична енергија е исто така незаконско.
Заедничко соопштение за јавноста на Еко-свест Скопје и
Македонското здружение на млади правници – МЗПМ