Македонија Најважни

Состанок на иницијативата „Отворен Балкан“

Премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и  албанскиот премиер Еди Рама денеска учествуваат на Самитот на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана.

Задоволство ми е да ви кажам дека денешниот ден е клучен момент во нашиот процес, бидејќи договорите што ќе бидат потпишани ќе направат важен чекор напред кон нашата цел, да гарантираме целосна слобода на движење на луѓе, стоки, капитал и услуги. Дозволете ми да поминам низ секој столб на Отворен Балкан со повторување на повикот за сите да се приклучат, бидејќи Отворен Балкан е инклузивна иницијатива и секако охрабрувајќи ги другите три земји во регионот да бидат дел од овој напор, за да одиме напред за доброто на наште народи, рече Рама.

Тие ќе потпишат заеднички договор за услови за слободен пристап на пазарот на труд во Западен Балкан, како и договор за поврзување на шемите за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Потоа, министрите за земјоделство на Албанија и на Србија, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ и заменик министерот Трајан Димковски ќе го потпишат Договорот за соработка во областа на ветеринарството, фитосанитарната и безбедноста на храната и животните.

Исто така, се планира потпишување на Договорот меѓу Владата на Северна Македонија и Советот на министри на Албанија за взаемно признавање на одобрените овластени деловни субјекти за сигурност и безбедност (АEOС), како и на Договорот меѓу Владата на Србија и Советот на министри на Албанија за заемно признавање на одобрените овластеи деловни субјекти (АЕОС).

По потпишувањето на договорите во 13 часот е најавена заедничка прес конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе