И покрај глобалните напори за намалување на емисиите на јаглерод, производството на електрична енергија на јаглен во 2021 година се зголеми за девет проценти на 10.350 терават-часови – ново највисоко ниво на сите времиња, информираше Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Извештајот за анализа и прогноза на Меѓународната агенција за енергија „Јаглен 2021“ го припишува зголемувањето на побарувачката за јаглен на економското закрепнување од пандемијата „Ковид-19“ и наглото зголемување на цените на природниот гас.
Во САД и ЕУ, производството на енергија од јаглен се предвидува да се зголеми за речиси 20 проценти во 2021 година во споредба со претходната година, но нема да ги достигне нивоата во 2019 година.
Спротивно на тоа, проценетиот раст од 12 проценти во Индија и 9 проценти во Кина го доведува производството на енергија од јаглен на рекордни нивоа за нив, дури и кога го користат соларниот и ветерниот капацитет.
Со повторното појавување на светските економии од пандемијата, Меѓународната агенција за енергија очекуваше вкупната побарувачка на јаглен во светот да се зголеми за шест проценти во 2021 година.
„Јагленот е единствениот најголем извор на глобални емисии на јаглерод, а овогодинешното историски високо ниво на производство на енергија од јаглен е загрижувачки знак за тоа колку далеку е светот во неговите напори да ги намали емисиите на нето нула“, изјави извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол.
Агенцијата, исто така, прогнозира дека производството на електрична енергија на јаглен ќе се зголеми за 4,1 отсто во Кина и 11 отсто во Индија до 2024 година.
Заедно со побрзото економско закрепнување од очекуваното, екстремните временски услови, како што се поплавите, го намалија производството на електрична енергија што го намали снабдувањето со електрична енергија наспроти големата побарувачка.
Од друга страна, напорите за трансформација од постројки за јаглен во обновливи извори за да се задоволат енергетските потреби предизвикаа ранливост за многу земји со затворање на фабриките за јаглен и залихите на гас што паѓаат под нивото на периодот пред пандемијата.
Зголемувањето на цената на природниот гас поради проблемите со снабдувањето од Русија и Норвешка предизвика целокупно зголемување на цената на природниот гас.
Во ноември, на КОП26, беше објавено дека 190 земји и организации се потпишале на обврската да стават крај на сите нови инвестиции во електрична енергија на јаглен. Планот предвидува постепено исфрлање на јагленот во големите економии во 2030-тите, а во остатокот од светот до 2040-тите. Потписниците вклучуваат економии зависни од јаглен, како што се Полска и Виетнам.
Сепак, главните играчи, вклучувајќи ги Индија и Кина, не се пријавија.
Кина и Индија: Двојни двигатели на енергијата на јаглен
Кина и Индија, две од најголемите азиски економии, страдаат од влошување на енергетската криза бидејќи глобалните пазари на акции и обврзници се колебаат поради грижите дека зголемените трошоци за енергија ќе го попречат економското закрепнување од пандемијата.
Пекинг одлучи да им дозволи на електраните на јаглен да ги пренесат високите трошоци за производство на некои крајни потрошувачи преку пазарните цени на електричната енергија.
Заедно со вртоглавото зголемување на цените на енергијата, обилните дождови и поплавите ги уништија рудниците за јаглен во северната кинеска провинција Шанкси, додека најмалку 60 рудници за јаглен привремено беа затворени во покраината во октомври поради катастрофата.
Во меѓувреме, индискиот државен производител на јаглен Коал Индија е обвинет дека не складира доволно залихи за да ги задоволи предвидените енергетски потреби по повторното отворање на економијата.
„Сегашната криза не се манифестира со недостиг на капацитет за ископ на јаглен, туку е предизвикана поради несоодветно предвидување, планирање и складирање на јаглен од генераторите на електрична енергија и енергетскиот регулатор во земјата“,изјави за Гардијан Сунил Дахија од Центарот за истражување на енергија и чист воздух,
Поради тешкотиите во енергетскиот сектор за двете азиски економии, тие се концентрираа повеќе на јаглен за производство на енергија.