Вести Култура

„Mалограѓанска свадба“ на репертоарот на Тетовскиот театар

Тетовски театар денеска ќе ја изведе премиерата на претставата „Малограѓанска свадба“ од Бертолт Брехт. Режијата е на Теа Беговска од Драмски Театар Скопје, а претставата во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“- Тетово ќе почне во 19 часот.

Улогите ги толкуваат Арсим Калеци, Ирена Мирческа, Миа Кантарџиева Петровска, Ѓорѓи Нешкоски, Елмир Сејфулаи, Гордана Ендровска, Арѓенд Хасани и Беким Смаили.

– Среде свадбена вечера каде што публиката е сведок на времето, времето сега и овде, толпа малограѓани ја рушат идеалната слика за брак претворајќи ја во гротеска. Во нашиот простор и време секојдневно ја храниме малограѓанштината, ја одржуваме во живот, ја негуваме, и’ се смееме, вперуваме прст во неа и истовремено ја прифаќаме. Нашата приказна завршува таму каде што не постои простор и време, завршува таму каде што животот трче без престан, таму каде што се сакаме да чуеме, а не слушаме, таму каде што се сакаме да видиме, а не гледаме. Таму каде што се повеќе добива смисла паролата на Брехт – „Државата ни пропаѓа, а вие – државата ни пропаѓа“, велат од Тетовски Театар за суштината на најновата изведба.

Репризата е предвидена за утре исто така со почеток во 19 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Во сообраќајни несреќи најмногу гинат пешаците, покажуваат извештаите на МВР

Дејан Дејан

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе