Вести Економија Најважни

ТЕЦ Неготино конечно приклучен на енергетската мрежа

Од попладнево на енергетската мрежа во Македонија е порвзан и ТЕЦ Неготино кој испорачува деведесетина мегавати струја на час. Државната ладна резерва од утрово и официјално е во погон и по 12 години од оџакот на блокот повторно излегува чад.

Во моментот ТЕЦ Неготино работи со половина капацитет, односно со еден котел од расположивите два во блокот, а со полн капацитет ќе почне да работи за десет дена.

Максимумот кој може да се добие од овој капацитет е 180 мегавати на час или речиси четири гивавати дневно со што барем делумно ќе се ублажи недостатокот на струја ќе се намали увозот.

285 литри мазут се потребни овој комбинат да произведе еден магават час струја доколку работи под полн капацитет а цената за прозиводоство е меѓу 150 и 180 евра што е двојно поефтино од моменталната цена на светските берзи. Во моментот резервата на комбинатот е 5 илјади тони мазут со секјдневни испораки кои ги покриваат дневното производство.

Планот на надлежните е ТЕЦ Неготино да биде во функција и да испорачува струја до 1 април и ќе биде еден од клучните капацитети на ЕСМ кое се обврза да покрие 100 отсто од потребите на ЕВН Хоум за струја за домаќинствата и малите потрошувачи.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе