Издавачот „ Арс Ламина“, организира промотивен настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“, што ќе се одржи утре- 16 декември, со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет.
На свеченоста ќе бидат промовирани пет дела од Блаже Конески, кои во чест на стогодишнината од неговото раѓање ги реобјави издавачката куќа „Арс Ламина“. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“.
На промоцијата ќе се обратат академик Влада Урошевиќ, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Димитар Пандев. Модератори се Бисера Бендевска и Ведран Диздаревиќ, а рецитал на стихови од Конески ќе одржи актерот Ѓорѓи Јолевски.